Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Miksmarketing (Makedonski)". Rad ima 8 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
МЕЖДУНАРОДНЫЙ СЛАВЯНСКИЙ ИНСТИТУТ - Moсква
Дописно вонредно студирање на Балканот
г.Свети Николе
Семинарска работа по предметот
Miksmarketing
Задача број 5
Свети Николе
2009 год.
Задача 5
Посочете ги основните способности за модификацијата на дадениот продукт и разоткријте ја нејзината суштина?
Продуктите т.е. производите нееднакво се однесуваат во време од аспект на продадената количина, трошоците за производство, продажбата и остварениот профит односно секој производ има свој животен век (како што и секое претпријатеие има свој животен век). Животниот век на продуктот подразбира негова појава на пазарот, опстојување со модификации или не и завршеток со повлекувањето од пазарот заради различни причини. Животниот век претставува циклус во кој настануваат низа промени, различни карактеристики и потреби а фазите низ кои поминува можат да траат временски различно.
За стратегијата на маркетингот е значајно тоа што животниот век различно трае и може да има различен облик. Така животниот век на цигарите, весниците и други трае најдолго, за разлика од животниот век на обликот на производот (на пример филтер цигари) кој трае пократко и марката на цигари (на пример Малборо) чиј животен век е најкраток.
Исто така, и обликот на животниот циклус може да биде нееднаков, што се манифестира како животен циклус на стил, мода, хит итн, или пак ако животниот циклус се поставува во пошироки регионални рамки како меѓународен животен циклус.
Постојат голем број различни стојалишта за бројот и карактерот на фазите на животниот циклус на производот. Главно фазите на животниот циклус на производот се: воведување, растење, зрелост и опаѓање.
Заради одржување на постојан пазарен успех на претпријатието или на некој негов конкретен продукт за секоја пооделна фаза од животниот циклус постојат маркетинг стратегии. Со оглед на тоа што самиот продукт својот максимум на продажба го достигнува во фазата на зрелост најефективна маркетинг стратегија се одвива во фазата на зрелост кога е потребно да се постигне голема конкурентска предност, со што би се продолжил животниот век на продуктот.
Модификација на производите е маркетинг стратегија која се користи во фазата на зрелост на претпријатието со цел колку што е можно подолго производот да го задржи достигнатиот обем на продажба. Истата значи и помала инвестиција за претпријатието од воведување на нов производ. Модифицирање на постојаните продукти спаѓа во мошне значајните интрументи на политиката на продукт во маркетингот.
Под модифицирање т.е. усовршување на производите се подразбираат “...Напорите и мерките на претпријатието во политиката на развој на производот со цел да се изменат определени особини на постојните производи. Измените можат да се однесуваат на подобрување на основните карактеристики на производот (квалитет, избот на материјал, начин на изработка, дизајн, боја и др.), на квалитетот и начинот на пакување и на опремувањето на производот, или пак на сите три аспекти...’’
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!